Горивата поскапуваат од полноќ
Од полноќ, нови, повисоки цени на бензините, дизелот ќе се точи по стара цена.
| | Македонија
Од полноќ, нови, повисоки цени на бензините, дизелот ќе се точи по стара цена.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за половина денар, додека цената на Еуродизел (Д-Е V) нема да се промени. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг.

- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71,50 денар/литар
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 73,50 денари/литар
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63 денари/литар
- Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 63 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 37,719 денари/килограм.