Skip to main content

Утре да не се паркираат возила на „Јане Сандански“

Утре се забранува паркирање на возила на улицата „Јане Сандански“. Забраната важи за охриѓани, но и за сите гости и туристи.

 |   | 

Општина Охрид упатува апел до жителите на ул. „Јане Сандански“ и до останатите охриѓани и туристи , утре (08.07.2021), да не ги паркираат или оставаат привремено своите возила на оваа улица поради градежни зафати кои ќе се одвиваат,а согласно постапката за реконструкција на истата.

Доколку граѓаните не ги отстранат сами, возилата ќе им бидат подигнати со пајак служба на нивни трошок.