Skip to main content

Почина работник од Албанија кој извршувал работни обврски во Свиништа

Шумски работник од Албанија, почина од повредите со кои се здобил додека ги извршувал работните обврски во Свиништа.

 |   | 

На 5-ти јули 2021 година, во 21:20 часот, во СВР Охрид, од Општа болница Охрид пријавено е дека кај нив бил донесен повреден 40-годишниот Т.Ч. од Република Албанија кој, по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.

– Од преземените мерки на 6-ти јули 2021 година во присуство на Јавен обвинител, инспектори од Државниот инспекторат и полициски екипи, констатирано е дека Т.Ч. бил шумски работник, кој со повреди се здобил извршувајќи работни задачи за сеча на дрва во месноста „Грагорица“, во атарот на охридското село Свиништа, информираат од СВР Охрид.