Skip to main content

Серхио Рамос е нов фудбалер на ПСЖ

ПСЖ и официјално го потврди Серхио Рамос за нивни нов фудбалер, тој стави потпис на договор до јуни 2023 година. 

 |   | 
Легендарниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос во наредните две години ќе го носи дресот на ПСЖ.
„ПСЖ со задоволство може да го соопшти пристигнувањето на Серхио Рамос во составот. Шпанскиот централен дефанзивец потпиша двегодишен договор и се обврза со клубот од главниот француски град до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на ПСЖ.
Рамос вели дека е многу среќен што ќе биде дел од проектот на ПСЖ.
„Многу сум среќен што дојдов во ПСЖ. Ова е голема промена во мојот живот, нов предизвик и ден кој никогаш нема да го заборавам. Многу сум горд што ќе бидам дел од овој амбициозен проект, што ќе бидам дел од состав со многу големи фудбалери. ПСЖ е веќе докажан клуб на највисоко ниво. Сакам да продоолжи да напредува и се надевам дека ќе помогнам да освоиме многу трофеи“, вели Рамос.