Атиџе промовираше дует песна со Турунџиева
Ѕвездата на „Медена земја“ Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева ја промовираа заедничката песна која носи наслов „Од Бекирлија до Битола“.
| | Сцена & Муабети
Хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова и пејачката и водителка Сузана Турунџиева ја промовираа новата заедничка песна насловена како „Од Бекирлија до Битола“.
Музиката и текстот се на Сузана, додека за аранжманот се погрижи Роберто Поп Димитров.
И на промоцијата и во видео записот за песната, не за прв пат, јавноста ја виде стилската трансформација на Атиџе од Бекирлија, а овој пат таа изненади со нова фризура, одличен избор на фустан и сандали со висока потпетица.
Во продолжение слушнете го музичкото дуетско остварување на Турунџиева и Атиџе: