Skip to main content

Билдер крвнички претепа вработена во теретана во Белград

Страшна сцена се одигра во позната теретана во Нов Белград, кога еден од корисниците на теретаната одлучи да ја нападне и да ја претепа вработената која се наоѓаше позади пунктот.

 |   | 

На инстаграм е објавена снимка од ужасната сцена, на која се гледа како крупен маж влетува позади пунктот, ги турка работите на под и крвнички ја напаѓа вработената.

Уплашената вработена пробува да се оттргне, додека напаѓачот ја трга другата девојка од патот која му го попречува и потоа со тупаница ја удира.

Сопственикот на теретаната вели дека повеќе нема да трпи вакво однесување и дека тоа е за секоја осуда.

-Никогаш да не се повтори! Денеска во теретана во Нов Белград влета силеџија и претепа вработена. Ја удираше со тупаници по главата затоа што не му дозволила да влезе во пунктот бидејќи не е вработен.Тепаше нечија ќерка, сестра, девојка.Приведен е. Ќе кажам само едно- никој никогаш нема да го победи системот кои сите со тешки маки го направивме. „Ахилеј“ е најголем фитнес бренд во Србија во овој дел на Европа со над 39.000 илјади членови.Ние сме едно семејство на кого цел му е здравиот начин на живот и вежбање.Сите силеџии кои мислат дека ќе не победат со насилничко однесување, гадно се лажат!, порача сопственикот на теретаната