Раскопана и во лоша состојба ул. Ванчо Питошески
Улицата Ванчо Питошески раскопана и оставена во лоша состојба. Жителите на овој дел од градот се жалат на кал и прашина во нивните дворови и бараат надлежните да го решат проблемот.
Покрај убавите и позитивни страни на Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, преку „Ти си твојот град“ граѓаните го покажуваат и она што им пречи во нивните населени места. Наш сограѓанин ни испрати слики од кои се гледа лошата состојба кај улицата Ванчо Питошески. Еве го неговиот коментар:
-На пресек улица Мирче Ацев и Ванчо Питошески, плус од пресекот цела улица Ванчо Питошески ископана едно месец дена, сега дел покриена со земја, а прашина, кал и земја по улица и пред дворовите. Дојдете сликајте, снимајте и објавете. Ако треба и ние ќе излеземе и ќе кажеме, а има што да кажиме.-напиша револтиран охриѓанец.