Загина едно лице во сообраќајна несреќа кај Св. Еразмо
Едно лице загина, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево околу 14 часот и 30 минути кај Свети Еразмо.
| | Охрид
Едно лице загина, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи денес околу 14 часот и 30 минути кај манастирот Св. Еразмо, на магистралниот пат Охрид-Подмолје-Кичево.
Несреќата се случила помеѓу три патнички возила и едно товарно возило-камион, а причинета е голема материјална штета.
Повредените лица се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
фото: ТППЕ Охрид Пожарна