Нефункционална атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски
После секој дожд, жителите на дел од ул. Васил Стефоски во Охрид имаат голем проблем со дождовната вода поради нефункционална атмосферска канализација.
Наши сограѓани за рубриката „Ти си твојот град“ велат дека овој проблем со нефункционалноста на атмосферската канализација трае долги години. Апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи ова е навистина лоша слика за туристите кои го посетуваат овој дел од градот, а ги има во голем број. Еве го нивниот коментар:
–Затната повеќе години атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски. Иако сме во екот на туристичката сезона, а овој дел на градот е преполн со туристи, надлежните јавни претпријатија сеуште не преземаат ништо за да го решат проблемот. После секој дожд, на улицата има голема количина на дождовна вода и канализација. Каква слика им оставаме на туристите?!