Skip to main content

Нови 26 случаи на коронавирус во Македонија, нема починати

Од направени 2866 тестирања во последното деноноќие регистрирани се 26 нови случаи на коронавирус, соопшти министерството за здравство.

 |   | 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 2.866 тестови преку: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-52, Авицена-147, Биотек-152, Систина-79, лабораторија Лаор-178, Синлаб-26, Ремедика-16, Плодност–31, Генеа–3, Никоб лаб-652, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.286.

Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.