Skip to main content

Твитер го блокираше профилот на Венко Филипче

Овој профил е привремено суспендиран, ова стои на твитер налогот на министерот за здравство Венко Филипче. Кога се отвара неговата сметка во предупредувањето стои дека била „забележана необична активност од овој профил“.

 |   | 

Твитер го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, поради „забележана необична активност од овој профил.“

Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.