Skip to main content

Циклонот од Германија пристигна во Србија

Метеорологот Ѓорѓе Џуриќ на својот Фејсбук профил објави дека циклон кој пристигна над Германија, која беше сериозно погодена од поплавите, пристигна во Србија и најави дека државата ќе биде под циклонот до вторник, со опасност од грмотевици, град и обилни врнежи од дожд.

 |   | 

Циклонот веќе е присутен во Србија, но и на целиот Балкански полуостров, тој претходно беше над Германија и со денови беше присутен во истата област, заради што Западна и Југозападна Германија, Луксембург, Источна Холандија и Белгија имаа катастрофални врнежи и невреме незапамтено во последните 100 години, напиша метрологот Џорџе Џуриќ на својот Фејсбук профил.

Според него овие се едни од најголемите поплави досега во оваа област, а сега опасноста се заканува и од бројните брани. За среќа, времето е целосно стабилизирано, и така ќе биде и во наредните денови, што би им помогнало на спасувачките екипи.

Истовремено предупредува дека Србија ќе биде под влијание на циклонот до вторник, со опасност од електрични полнења, град и обилни врнежи од дожд. Стабилизација на времето од среда, а летото во Србија се враќа од четврток.