Skip to main content

Министерот за надворешни работи на Словачка во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак денеска ќе допатува во официјална посета на Македонија, на покана шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Miroslav Lajcak
Мирослав Лајчак
Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак денеска ќе допатува во официјална посета на Македонија, на покана шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Според Елена Димчова од одделението за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи, посетата на Лајчак ќе биде одбележана со подигнување на нивото на досегашната Канцеларија за врски на Словачка во амбасада.

Miroslav Lajcak„Ова ќе биде 28-ма резидентна амбасада во Македонија“, рече Димчова.

Министрите Лајчак и Милошоски во Скопје треба да потпишат договор меѓу Словачка и Македонија за заштита на инвестициите.

Владата на Словачка финансира проекти во Македонија преку Развојниот фонд и има намера да финансира заеднички проекти на словачки и македонски бизнисмени, што би поттикнало поблиска соработка на економски план.

Словачка како членка на Европската унија и на НАТО ја поддржува Македонија во настојувањата за зачленување во унијата и приемот во Алијансата.

 

{loadposition content9}