Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.Наум
Аспасија Палоска испрати слики за „Ти си твојот град“ кои се направени на патот Пештани-Св.Наум, а на нив се гледа отпад, пластични шишиња расфрлани на повеќе места од несовесни граѓани.
Аспасија Палоска испрати слики за „Ти си твојот град“ кои се направени на патот Пештани-Св.Наум. Еве што вели таа:
-“Случајно испаднати”… Ако некој си ги препознае, нека си ги земе, тука се…
А тоа дека Јованче и Мариче поминувале и место трошки фрлале пластични шишиња и лименки, тоа е друга приказна. Некултура!!!
(На патот Пештани – Св.Наум)