Воска Спорт денес на стадионот „Грашница“ го игра првиот контролен натпревар против Братство Житоше
Воска Спорт денес ќе го одигра првиот контролен натпревар против екипата на Братство Житоше. Натпреварот е со почеток од 17 часот на стадионот „Грашница“.
| | Охрид
Денеска со почеток во 17 часот, ФК Воска Спорт го игра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона од Втората Лига-Запад. Охридскиот тим ќе ги одмери силите со Братство Житоше.
Инаку, Братство Житоше веќе одигра еден контролен натпревар, против екипата на Прилепска Победа и загуби со убедливи 7:0.
Натпреварот меѓу Воска Спорт и Братство Житоше ќе се игра на стадионот „Грашница“.