Skip to main content

АМБАСАДОРОТ НА ИЗРАЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Деновиве на протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Традиционално на средбата беа потврдени добрите и пријателски релации на Охрид со државата Израел и одличната меѓусебна соработка.

 |   | 

На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката во повеќе области, помеѓу кои се образованието и туризмот.

Инаку, поради завршување на мандатот ова е последна официјална посета на Дан Оријан во Охрид, како амбасадор на Израел во Република Северна Македонија.