Пливачки подвиг во хуманитарни цели
Стружанецот Ергин Борова кој години живее во Амстердам Холандија сонува за изградба на центар за згрижување и развој на децата со посебни потреби во регионов.
Стружанецот Ергин Борова кој години живее во Амстердам Холандија сонува за изградба на центар за згрижување и развој на децата со посебни потреби во регионов. Преку маратонското пливање Борова сака да привлече доволно внимание за оваа иницијатива.
Самиот пливачки потфат е само дел од иницијативата за изградба на центар за сместување деца со посебни потреби, установа која и е потребна не само на струга туку и на регионов.
Борова пливаше со цел подигање на свеста за потребите на децата со посебни потреби, нивните животи да бидат во нашите мисли постојано не само во еден одреден ден
„Јас сонувам за еден модерен центар за деца каде ќе има услови за дневне престој но центар кој ќе им овозможи на децата и групно живеење. Има голем број на родители, ете ние имаме и дете во нашето семејство, кои не можат да се посветат во целост на децата бидејќи имаат посебни потреби и јас мислам дека градот и земјата имаат потреба за вакво нешто“ вели Ергин Борова
Борова вели дека за да се реализира неговиот сон тој започнал фондација во Холандија каде што и живее и работи , „Care for disabled kids“ и потоа својата идеја им ја претставил во Општина Струга од каде ветиле ќе даде целосна поддршка и придонес за реализацијата на овој хуманитарен проект.
„Во соработка со градоначалникот на Општина Сртуга имаме две три локации, тој ни вети земјиште да се искористи со концесија нормално, се тоа да се изгласса на совет а не верувам дека некој од советниците би гласал против ваква хумана инцијатива каде овие деца би можеле да добиваат и дневна и ноќна нега“ Беса Зиба – Општина Струга.
Иницијаторот на овој потфат Борова исто така обајснува дека сосема можно е да се формира една граѓанска иницијатива која во соработка со локалната самоуправа и ресорното министерство ќе функционира. Пливачкиот потфат да плива од охрид до Струга дошол природно, бидејќи и самиот е пливач.
„Јас сум бил пливач уште на времето во струга на пливалиштето, но долгво време не сум пливал, а кога се вљубуваш во некој спорт сакаш да останеш во форма, па после пауза под две години почнав да тренирам, и решив да пливам од охрид до струга за да привлечам внимание за оваа иницијатива, не за мене туку за децата со посебни потреби се со цел да ангажиаме колку може повеќе субјекти за да направиме нешто фантастично за овие деца“ додава Борова.
Се планира, центарот да има не само дневна улога, туку да обезбеди и целосно и долготрајно сместување и групно живеење на оваа ранлива категорија на граѓани. Истот така мпланиран е ангажман на соодветен кадар кој ќе овозможи не само нега туку и целосен развој на оваа ранлива категорија на граѓани.