Skip to main content

Не е точно дека Бил Гејтс планира депопулација на светот преку присилна вакцинација

Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите кои се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион.

Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите кои се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион

Извор: Snoopes

Најновата конспирација тврди дека вакцинацијата ќе го збрише населението во светот

Во јуни 2011 година, ирски весник познат по пласирање конспиративни теории „The Sovereign Independent“, објави контроверзен напис за Бил Гејтс. Манипулативниот карактер на написот се гледа уште од самиот наслов: „Депопулација преку присилна вакцинација: решение за нулта емисии на јаглерод!“

Во 2020 година, додека целиот свет се бореше со ковид-пандемијата, на социјалните мрежи повторно се појави сликата од овој напис придружена со низа лажни тврдења. Некои корисници на социјалните мрежи дури тврдеа дека написот објавен во овој весник пред многу години е доказ дека пандемијата е „испланирана“. Во меѓувреме, други тврдеа дека овој напис е факт дека пандемијата е некако поврзана со терористичките напади од 11 септември и дека веќе некое време овој весник е намерно избришан од интернет.

Насловот и написот објавени во ирскиот весник во 2011 година, а кој неодамна е повторно објавен, е лага. Текстот не е доказ за една испланирана пандемија, ковид-19 нема никаква врска со терористичките напади од 11 септември и овој весник не е „избришан“ од интернет.

“The Sovereign Independent” беше весник кој во Ирска  почнал да се печати во 2009 година, додека пак, интернет страницата на весникот сè уште е активна. Страницата е преполна со линкови и нејасни слики и за првпат е ажурирана во 2014-та година. Архивирана копија на гореспоменатиот наслов можете да најдете тука. Односно, написот сè уште го има на интернет.

Треба да напоменеме дека овој „весник“ не бил веродостоен при известувањето. Напротив, низ овој таблоид циркулирале многу конспиративни теории, кои промовирале содржини од организации како што е AE911Truth (група која верува дека нападот на 11 септември е резултат на едно контролирано уништување, а не терористички напад). Овој таблоид, исто така, објавил и написи од PrisonPlanet.com, која е дел од Infowars, каде се тврди дека смртта на Осама Бин Ладен е измама.

Написот со наслов „Депопулација преку присилна вакцинација“ се однесува на една добро обработена конспиративна теорија која е заснована на едно многу едноставно недоразбирање.  Поврзаноста на зборот „депопулација“ и Бил Гејтс авторот на написот  ја наоѓа во неколку изјави на  Гејтс,  а кои се однесуваат на прашањата околу природниот раст на населението.   

Зголемувањето на бројот на населениото во светот Гејтс го гледа како проблем, и тој е вистински фокусиран во неговите напори за забавување на растот на населението. Но, тој никогаш немал за цел убивање или елиминирање на луѓето. Всушност, Бил Гејтс открива дека растот на населението може да се забави ако луѓето живеат подолго. Постои една иницијатива која се фокусира во обезбедувањето на полесен пристап до контролирање на раѓањата (помалку раѓања, помалку луѓе). Една друга, пак, се фокусира на осигурување на пристап до здравствена нега и вакцинација. Како што е објаснето и во Годишниот извештај на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за 2009 година, намалувањето на природниот раст на населението може да се случи ако се намали смртноста, и тоа посебно кај децата.  

 
Вакцините се единствена надеж за да ѝ се стави крај на пандемијата со ковид-19

Според Светската Здравствена Организација (СЗО) еднаквиот пристап до сигурни и ефикасни вакцини е од суштинско значење за ставање крај на пандемијата со ковид-19. Така, доста охрабрувачки е фактот што се тестираат и што влегуваат во употреба толку голем број на вакцини.  СЗО и нејзините партнери неуморно работат за развој, продажба и примена на сигурни и ефикасни вакцини. Сигурните и ефикасните вакцини можат да ја променат целата ситуација, но, во блиска иднина, ние сè уште мора да продолжиме да носиме маски, да ги миеме рацете, да ги проветруваме затворените простории, да одржуваме растојание и да ги избегнуваме собирањата.  

Вакцините против ковид-19   беа предмет на бројни тестирања и постојано се проверуваат. Овие театирања опфаќаат лица од различни возрасни групи, од двата пола, од различки етнички групи, како и лица  со здравствени проблеми. Вакцините покажаа едно високо ниво на ефикасност кај сите гореспоменати групи на население. Вакцините се покажаа сигурни и ефикасни и кај лицата со разни здравствени состојби, како што се лицата со висок притисок, дијабетичарите, лицата со респираторни болести, болести на црниот дроб и бубрезите, како и други хронични заболувања.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар