Skip to main content

Ослободен Aгим Чеку

Окружниот суд во Ќустендил вчера одлучи да го ослободи од притвор поранешниот косовски премеир Агим Чеку, кој беше уапсен во вторникот вечерта на бугарско-македонската граница.

 |  Крсте Голабовски  | 
Agim Ceku
Агим Чеку
Окружниот суд во Ќустендил вчера одлучи да го ослободи од притвор поранешниот косовски премеир Агим Чеку, кој беше уапсен во вторникот вечерта на бугарско-македонската граница.
Одбараната на Чеку поднесе три документи како доказ за неговото ослободување – писмо од премиерот на Косово, Хашим Тачи дека Чеку е член на косовскиот дипломатски тим, писмо на Обединетите нации како потврда дека тој е под јурисдикција на ОН и писмо од поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, дека Чеку има официјална покана за посета на Бугарија.

Agim CekuЧеку беше уапсен врз основа на потерницата од Интерпол, издадена на барање на Србија, која бара негово апсење уште од 2002 година. Врз истата основа, Чеку е уапсен во Словенија и во Унгарија во 2003 односно 2004 година, а беше протеран и од Колумбија.
Ослободувањето на Агим Чеку од страна на бугарските правосудни органи српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ го оквалификува како тежок удар врз меѓународното право.
Во изјава за Танјуг тој вели дека веста за ослободувањето на Чеку е големо разочарување и дека тоа штетно влијае врз пријателството и односите меѓу двете држави.

– Ако такво нешто се случеше во Србија, ние ќе се срамевме, изјави Јеремиќ.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека одлуката да биде ослободен поранешниот командант на т.н. армија за ослободување на Косово не придонесува за добрите односи меѓу двете држави.

– Очигледно работата на Интерпол е отежната од политички притисок врз органите за правда кога станува збор за акции за апсење барано лице, изјави Дачиќ. Според него, за тоа прашање треба да се разговара сериозно бидејќи „тоа пречи на полициската соработка и борбата против криминалот, тероризмот и воените злосторства“.

Министерката за правда на Србија Снежана Маловиќ изјави за Танјуг дека бугарските власти не го информирале Министерството за правда на Србија за причините за пуштање на слобода на Агим Чеку, „ниту за фактот дали е прифатено решението по повод барањето за негово екстрадирање“. Таа додаде дека до бугарските власти била испратена целата неопходна документација, но „политиката го победила правото дури и кога станува збор за воени злосторства и геноцид“.

{loadposition content9}