Одобрен буџет за Пентагон
Претставничкиот дом на САД одобри вчера нацрт-закон за расходите за одбрана во висина од 550,4 милијарди долари за фискалната 2010 година.
Во него се 130 милијарди долари за финансирање на војната во Ирак и Авганистан за таа фискална година која почнува на 1 октомври.
Дел од советници на Белата куќа предупредија дека ќе побараат вето од претседателот ако не се поништат две измени со кои се бараат дополнителни пари за нови авиони-ловци Ф-22 и за втор мотор за Ф-35.
Сенатска комисија вчера одобри своја верзија на нацрт-закон во кој се вметнати 1,7 милијарди долари за седум нови Ф-22 и 438,9 милијарди за продолжување на разработката на алтернативен мотор за Ф-35.
И претседателот на комисијата сенаторот Карл Левин и сенаторот Џон Мекејн, најстар републиканец во Комисијата, соопштија дека се против продолжување на финансирањето на Ф-22 кое беше прифатено со 31 спрема 11 гласа.Тие предупредија дека темата ќе предизвика остри спорови кога ќе биде ставена на гласање во Сенатот следниот месец.
Откако и Сенатот даде своја верзија, претставници на двата дома ќе договорат компромисна варијанта, која според аналитичари, нема да биде готова до септември.
Министерот за одрбана Роберт Гејтс во април објави дека планира запирање на производството на авиони ловци Ф-22 кога ќе се исполни квотата од 187 авиони (само уште четири нови), но многумина конгресмени настојуваат за продолжување стравувајќи за работните места и растечките воени закани. Освен тоа, некои некои настојуваат и за укинување на сегашната забрана за извоз на Ф-22.
Белата куќа не е подготвена за давање „зелено светло“ и за дополнителни 603 милиони долари за продолжување на работата врз втор мотор за Ф-35 од Џенерал Електроник и Ролс-Ројс.
{loadposition content9}