Skip to main content

Роси оди на 100-та победа

Валентино Роси е на “седмо небо” по како што самиот кажа, една од неговите најдобри победи, и оди на посебен рекорд – 100 победи на Холандското ТТ во Асен овој викенд.

 |  Крсте Голабовски  | 
Valentino Rosi
Валентино Роси
Валентино Роси е на “седмо небо” по како што самиот кажа, една од неговите најдобри победи, и оди на посебен рекорд – 100 победи на Холандското ТТ во Асен овој викенд.

Актуелниот шампион е вклучен во трикратна битка за лидерското место во генерален пласман по неговата фантастична победа над својот тимски колега од Фиат Јамаха, Хорхе Лоренцо на Каталонското ГП и тоа во последната кривина. Лоренцо и светскиот шампион Кејси Стонер се израмнети со Роси на 106 поени пред седмата трка од сезоната во Асен.

Valentino Rosi“Асен е посебна патека за сите возачи и е прекрасно место да се вози Мото ГП мотоцикл, иако беше подобро пред да ја сменат патеката. По Барселона знаеме колку сме силни, но знаеме и колку нашите ривали се моќни и не смееме да се опуштиме. Монтмело беше фантастична трка за нас, една од моите најдобри победи, но шампионатот е толку тесен што не смеам да се опуштам ниту една секунда”, вели Роси.

Битката е толку тесна што водечкото трио има по две победи во шесте трки досега, а Лоренцо има посебна причина да биде самоуверен откако имаше две втори места и победа во последните три трки.

“Фантастична серија за мене, и скоро не ми се верува. Сега како да почнува шампионатот од почеток бидејќи тројцата сме на исто поени. Асен е мојата омилена патека и таму одам со голема самодоверба и многу мотивација. Лани бев само шести и морам да бидам подобар од тоа. Подиум би бил прекрасен”, вели Шпанецот, кој само во својата втора Мото ГП сезона се покажува како достоен ривал за Роси и Стонер.

Традиционално Холандското ТТ се оддржува во последната сабота од јуни.

 

{loadposition content9}