Во Струга нема станоиздавачи?!
Во Струга нема станоиздавачи, барем не евидентирани во Општината. Од локалната самоуправа и оваа сезона најавија строги санкции, но доколу се и како минатите години, тогаш ништо од најавата.
лого

Нова сезона, стари проблеми. Иако во Струга, речиси секоја 3-та куќа во летниот период нуди приватно сместување, сепак според податоците со кои располага општината, во градов нема приватни станоиздавачи. До сега, речиси никој од нив не пријавил до надлежните дека врши вакви услуги. На што се должи ова, станоиздавачите имаат свое оправдување.
Иако надлежните секоја нова сезона најавуваат дека крајно време е да се надмине овој проблем, очигледно е дека тоа се само празни ветувања. Од Локалната самоуправа велат дека станоиздавачите оние од приватниот сектор, не се регистиритаат во општината бидејќи ги избегнуваат одредените давачки. Секретарот на Општина Струга, потенцира оти ним во овој случај, поважна им е евиденцијата на гостите кои претстојуваат во градот, од колку финансиските средства.
Гулицоски вели за да се воведе ред со евидентирање на станоиздавачите, треба да се пристапи на поинаков начин. Според него, сопствениците на становите
треба да се пријавуваат во туристичките агенции, за на тој начин и локалната самоуправа може да им наплати туристичка такса.
Надлежните сметаат дека оваа година, ќе успеат да наплатат туристичката такса од сите хотелиери и приватни станоиздавачи.

{loadposition content9}