Нови наслови во Библиотеката
Од градската библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ви предлагаат нови наслови.
Од новиот контингент набавени книги тимот од НУ „Григор Прличев“ од Охрид оваа недела ви ги предлага следните наслови:
„Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од Фредерик Баркман, „Свекрва“ од Сели Хелворт.
Во изборот од девет книги се и: „Гала – Дали“ од Кармен Доминго, „Последниот воз за Истанбул“ од Ајше Кулин и „Пукнатина“ од Јозеф Карика.
Не помалку интересни за читање се и следните романи: „Ана“ од Николо Аманти „Децата на злото“ од Миодраг Мајиќ и „Викендичка со базен“ од Херман Кох, како и „Мирисот на листовите чај“ од Дајана Џефрис.
До први септември пултот за зајмување книги во НУ Библиотека „ Григор Прличев“ ќе работи од 8 и 30 до 16 часот.
Цената за годишна членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари.