Тротоарите на Булевар АСНОМ небезбедни за движење
Александар Карадимче ни испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“, преку која реагира за непрописно паркирани возила на тротоарите од булеварот АСНОМ во Охрид.
Александар Карадимче ни испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“, преку која реагира на несовесните граѓани кои паркираат каде што ќе им текне. Ова е неговиот коментар:
Знам дека има многу слични ситуации со паркирање на тротоар, но ова е претерано. Не можеме безбедно да се движиме по тротоарите на Булевар АСНОМ во Охрид – вели Карадимче.