Локализиран пожарот во селото Лешани
Благодарение на брзата интервенција на месното население и Територијалната противпожарна единица од Охрид, Шумското стопанство „Галичица“ и општинска механизација, локализиран пожарот кој вчера избувна во селото Лешани, општина Дебрца.

Шумскиот пожар се доближи и до црквата „Св. Атанасиј“, а најголем проблем за негово санирање биле ветерот и сувата вегетација кои допринесле за побрзо ширење на огнот.
„Уште еднаш апелираме за крајна внимателност, напиша на својот Фесјбук профил градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.