Skip to main content

Сообраќајна несреќа кај Опеница

Сообраќајна несреќа се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен кај селото Опеница. Во несреќата тешко повреден е мотоциклист.

 |   | 
Полициски службеници

На 15.08.2021 година во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Опеница, се случила сообаќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Форд Мондео” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(60) од Охрид и мотоцикл „Априлија” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од Прилеп.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, додека Т.Т.(24) од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди. Увид извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.