Skip to main content

Од утре нови мерки за влез и излез од Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста.

 |   | 
Граничен премин

За оваа мерка утре дополнително ќе се дискутира и на седница на Влада.

Утре ќе се разговара како за мерката, така и за времето, за тајмингот кога ќе биде тоа имплементирано, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од земјава – изјави министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за повратницитре од Авганистан, Филипче рече дека се разговарало прво да биде задолжителен 14-дневен карантин, тоа ќе се предложи до Владата и утре ќе се дискутира и да се препорача вакцинација против Ковид-19.