Skip to main content

Во Охридската болница за прв пат е изведена лапараскопска операција на бубрег

Лапараскопскиот зафат е изведен самостојно од охридски тим уролози. Целта им е пациентите да се лекуваат тука, а да се искористи стручноста на медицинскиот кадар и техниката која ја имаат на располагање. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридската општа болница изведена е лапараскопска операција на бубрег. Опериран е пациент кај кого е рецесиран долниот дел на бубрегот од циста, информира урологот Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Лапараскопски зафат е изведен самостојно од анестезиологот Јован Недески и охридскиот тим уролози д-р Томчо Мостро, д-р Маргарита Симоноска под раководство на д-р Балевски.

Се надевам дека ќе продолжиме во ова време на Ковид, тоа многу ни значи да ги работиме новите методи. Не се доближуваме до пациентот  помали се шансите за инфицирање , нема оперативни рани, преврски полесно е и поедноставно за работа – изјави д-р Балевски.

Со лапараскопската интервенција се отвора нова можност за лекување на пациентите од Охрид и околината, но и од Битола, Прилеп и Скопје. Д-р Балевски, напоменува дека целта им е да се искористат стручноста на младите специјализанти и техниката која ја имаат на располагање за пациентите да не одат на лекување во Скопје и во приватните болници.

Техниката и методите во медицината оди напред. Ние колку ќе ги пратиме промените зависи од степенот на нашата едукација и од степенот на опрема – додава д-р Балевски.

Охридската Општа болница има предизвици за воведување на новини и на другите болнички оддели. Моментално на иницијатива на Министерството за здравство се преговара, докторки од Очна клиника Скопје да ги користат салите во охридската болница за изведување на операции на очи.