Skip to main content

Граѓаните од денеска ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список

Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите ќе започне денеска и ќе трае до 9-ти септември, кога Државната изборна комисија (ДИК) на увид ќе ја стави новата состојба на податоци што ќе се користи на денот на изборите.

 |   | 

Граѓаните во овој рок треба да го достават писмено барањето за запишување, бришење или дополнување во избирачкиот список, до подрачните единици или канцеларии на ДИК, или пак, електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Граѓаните своите податоци во избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страницата на ДИК или на следниот линк.

Рокот за заклучување на Избирачкиот е 24-ти септември, додека избирачкиот список треба да биде потпишан до 1 октомври. 

Извор – Нова Македонија