Skip to main content

ДУИ ги извиси вмровците во Струга

Меѓусебниот договор, влјателните комисии да имаат челници  од Вмро Дпмне,  Дуи не го испочитува.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Формирањето на општинските комисии во Струга ќе почека. Политичките интереси на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го кочат овој процес. За тоа, кои да бидат членовите а кои претседателите, имало погдолга дискусија од вообичаено, на координативаната седница, која претходнава недела се одржа во просториите на Општината. ТВМ неофицијално дознава, дека претставниците на ВМРО ДПМНЕ настојувале поголемиот дел од комисиите да имаат челници од оваа партија, и тоа луѓе кои не се членови во струшкиот совет. Покрај ова, според неофицијални информации, ДУИ на некој начин го изиграл својот коалиционен партнец. ТВМ дознава дека од ветените неколку претседателски места на општинските комисиси, на ВМРО ДПМНЕ само една им била по ќеф.

 

Од партијата велат дека единствено се задоволни што е договорено лице од  нивната партија да биде претседател на комисијата за финансии и буџет.

sovetniciТочно е дека сеуште не се формирани општинските комисии, потврди секретарот на о.Струга. Имавме координација на советничкте групи и се постигна одреден договор, вели Гулицоски. Од неговата изјава повеќе од очигледно е дека информациите кои ги пласира ТВМ се потврдуваат.
Неможе ако некој не е стручен по одредена област да биде ставен за претседател на комисијата, а уште помалку тоа да биде лице надвор кое не е дел од совето„-вели секретарот Зоран Гулицоски.
Настојувавме да држиме баланс околу начелното договарање за формирање на комисиите, истакна секретарот. Додаде оти и оние партии кои имаат помалку членови во советот ќе имаат значајна улога во комисиите.

Начелно договорените 10 комисии, кои ќе фунционираат во четири годишниот мандат, ќе бидат ставени на гласање пред советот на наредната седница на совет. Засега не е прецизирано кога ќе се одржи истата.

{loadposition content9}