Skip to main content

Маж од Турција физички ја нападнал сопругата во Охрид

На 23-ти август 2021 година, во 20:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 40-годишниот М.Т. од Република Турција, со живеалиште во САД.

 |   | 
Полиција

На 23-ти август 2021 година, во 20:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 40-годишниот М.Т. од Република Турција, со живеалиште во САД.

Истиот ден, во 19:00 часот во куќата на родителите на неговата сопруга, 39-годишната С.А. од САД, по претходна семејна расправија, физички ја нападнал неа и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот – информираат од МВР.