Skip to main content

Недостатокот на луѓе главна причина за недоволно развиениот хидролошки мониторинг на езерото

Недостатокот на човечки капацитети и основни мерни инструменти се главните причини за недоволно развиениот хидролошки мониторинг на природните езера, реките и акумулациите во Македонија. Ова е нотирано во извештајот од мониторингот спроведен од страна на Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии. Според извештајот, малиот број на човечки капацитет претставува главен предизвик, но нема ниту техничка опременост ниту квалифициран кадар за да може да ги замени тековните вработените кои одат во пензија во УХМР.  Проблем е и неодговорноста на надлежните институции да ја надгледуваат работата на правните субјекти кои стопанисуваат со водните тела.

 |   | 

За хидролошки мониторинг на Охридско езеро потребни се и луѓе и пари. Во Охрид од вкупно 4 мерни станици единствена која е оперативна е главната станица во градот, дополнителните три станици –Калишта, Пештани и Св. Наум не се во функција. На мерните станици во Калишта и Св. Наум има мерни летви, но нема набљудувачи. Наскоро планирани се дигитални станици на овие две места преку донаторски средства. Сензорот на дигиталната станица е исклучен затоа што поради лош квалитет на водата често податоците од терен се неусогласени. Тековно се набавени нови материјали и инструменти за да може да се заменат и да бидат во функција. За информативната табла за водостој на Охридското езеро која беше обезбедена во соработка со Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ, не функционира затоа што потребен е нов софтвер за да има посинхронизирани податоци. Брановите во езерото може да го менуваат нивото на водата од реалната од -50 см до 2 метри. Во Охрид има еден набљудувач кој на терен го мери и запишува водостојот. Ваква е состојбата со хидролошкиот мониторинг на Охриското езеро но состојбата не е ништо подобра ниту за останатите природни езера и акумулациите во државава. Недостатокот на човечки капацитети и основни мерни инструменти се главните причини за недоволно развиениот хидролошки мониторинг на природните езера, реките и акумулациите во Македонија. Ова е нотирано во извештајот од мониторингот спроведен од страна на Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии.

Недостатокот и неодговорноста на надлежните институции да ја надгледуваат работата на правните субјекти кои стопанисуваат со водните тела е главен предизвик за ефикасно да се спроведува хидролошки мониторинг и мониторинг на квалитетот на вода. Недоволно развиениот и воспоставен мониторинг, особено на природните езера, се должи и на незаинтересираноста на државните институции и слабото лобирање да ѝ се даде приоритет на оваа област во креирањето на јавните политики и зголемувањето на финансиските средства – се посочува во извештајот.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) не располага со доволно автоматски станици за мерење на водостојот и недостигаат инженери и набљудувачи. Во Секторот за хидрологија во УХМР вработени се 12 лица од кои само двајца се инженери. За споредба при формирањето на Управата во Секторот за хидрологија имало 35 вработени. Има недостиг и од набљудувачи кои излегуваат на терен и го мерат водостојот, а причината за тоа е нискиот надомест што им се дава на овие лица. Поради недостаток на човечки капацитети УХМР нема регистар на природни езера, не подготвуваат никакви извештаи за просечен месечен или годишен водостој на езеро, нема изработено преглед на податоци за апсолутен минимум на водостој по езеро за периодот 2000-2020 година, расположлива вода за користење во месецот по езеро за периодот 2010-2020 година и други.  Се објавуваат само податоци за водостојот и температурата на природните езера кои што се достапни исклучиво во тековниот ден за тековниот ден. Информациите за минати дневни, месечни и годишни мерења на природните езера чијашто надлежност е на УХМР не се достапни до јавноста. Препораката е да се зголеми буџетот на УХМР и тој да се насочи кон осовременување на техничка опрема и кон зголемување на човечкиот капитал. Воедно се бара и зголемување на транспаретноста на УХМР во однос на достапноста на податоците за јавноста.