Починаа 27 лица, нови 1 082 случаи на ковид во Македонија
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19.
Во последните 24 часа се пријавени 27 починати ковид-пациенти на возраст од 45 до 85 години. Во истиот период од вкупно 5 982 тестирања регистрирани се нови 1 082 случаи на ковид, а оздравени се 492 пациенти.
Од починатите лица седум се од Скопје на возраст од 60 до 84 години, шетмина се починати во Тетово на возраст од 60 до 85, петмина од Гостивар на возраст од 47 до 72, три лица од Кичево на возраст од 45 до 48 и по едно почианот лице од (74г), Прилеп (57г), Охрид (52г), Штип (79г), Струмица (70г) и Македонски Брод(71г).
Од починатите лица 26 се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Од новите регистрирани случаи на ковид, 406 се од Скопје, 93 од Куманово, 87 од Тетово, 72 од Гостивар, 70 од Струмица, 57 од Кичево, во Прилеп и Велес по 32, во Кавадарци, Охрид и Струга по 24, во Битола има 23, во Штип има 21 случа, во Радовиш се 18, во Ресен се 15, во Кочани се 14, во Гевгелија и Делчево по девет, по седум во Свети Николе, Крива Паланка и Виница, шестмина во Дебар, петмина во Македонски Брод, во Неготино и Кратово по четворица, во Валандово има тројца, по двајца во Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица и по еден во Богданци, Пехчево и Дојран.
Оздравените 492 пациенти се од: Скопје – 139, Тетово – 89, Гостивар – 85, Куманово – 38, Струмица – 30, Кичево – 25, Берово – 15, Штип и Кочани – по 10, Битола – 9. Радовиш – 7, Прилеп – 6, Валандово – 5, Кавадарци и Дебар – по 4, Делчево – 3, Охрид, Ресен, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Велес, Гевгелија, Свети Николе, Кратово и Пехчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1 130 975 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 172 657, бројката на оздравени пациенти е 153 640, на починати е 5 782, а бројот на активни случаи изнесува 13 235.