Skip to main content

Почнува изградбата на 400-киловолтниот далновод Битола – Елбасан

Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.

 |   | 

Како што соопшти владината прес-служба, на почетокот на изградба на овој капитален објект ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО.

На настанот, кој е во организација на АД МЕПСО, предвидени се и обраќања на претставници на Делегација на ЕУ, како и на Европската банка за обнова и развој.

Реализацијата на оваа инвестиција во полна функција ќе го ставен електроенергетскиот коридор исток – запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, посочуваат од Владата.