Skip to main content

Стружани бараат пристапни рампи за инвалидизираните лица

Пристапни рампи за инвалидизираните лица, бараат стружани. Тротоарите во градот се високи, а лицата со телесен инвалидитет не може слободно да се движат по тротоарите, пешачките патеки и немаат пристап до институциите, се жалат граѓаните во рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија.

 |   | 

Стружани се жалат во градот нема пристапни рампи за лицата со посебни потреби. Во рамките на рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија пристигнаа неколку поплаки кои се однесуваат на неводењето грижа за инвалидизираните лица. Од високите рабници на тротоарите тие не можат да пристапат ниту на пешачките зони, па уште потешко може да стигнат до некоја институција или продавница. За жал, како што кажуваат телесно инвалидизираните лица, за нив се непристапни голем дел од институциите или ако се пристапни тогаш тие се оневозможени да влезат од паркираните возила. 

Депласирано е навистина во 21 век да зборуваме за пристапност, за високи рабници, за многу скалила пред институциите или пред објекти каде што се изведуваат културно-забавни спортски активности. Тоа веќе требаше да стане универзален дизајн, требаше одамна да почне да се гради еднаква околина за сите, односно сите лица да имаат можност да ги користат бенефициите и благодатите на општеството. Сите рабници ќе бидат спуштени и приспособени за движење на овие лица – пишуваат граѓаните.

Освен тоа што немаат пристапни рампи, самите тротоари се многу високи многу често апелираме до советниите и на Форуми на заедници и до општината дека има голем проблем со кој не само лицата со попреченост туку и и самите мајки со деца родители со колички не може да ги качат количките на тротоар поради големата висина. Дури и на некои места каде што има пристапна рампа тоа е паркинг и се нема во предвид и од страна на самите граѓани дека треба да остават простор да помине инвалидизирано лице – вели Анита Гугоска од „Порака Нова” Струга.

Не станува збор за голема инвестиција само треба слух за решавање на бариерите со кои секоејдневно се соочуваат инвалидизираните лица.

Пред некое време бев во Прилеп и видов дека тротоарите не само што им се пристапни за со колички туку имаат и бекатонки пристапни за лицата со оштетен вид. За да се тактилни и да видат каде може да поминат. Тоа е нешто што што го има секаде низ Европа. Постојано апелираме истото да се направи и во Струга. Во исто време кога се прават реконструкции на некои патишта може истото да се направи, но очигледно се нема слух – додава Гугоска.

Во членот 9 од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, потпишана од 156 земји, токму пристапноста е нагласена, но во практика за жал не се применува.

 

Новинар – Соња Рилковска