Поради неплатени сметки, без плата
Градоначалникот на Струга им должи 4 плати на екс советници.
лого
Поединци не ги платија телефонските сметки па поради тоа сите советници трпат, велат од општина Струга. Доколку за скоро не се подмири долгот кон советниците, тие најавија покренување на судска постапка.
Општина Струга им остана должна на советниците од минатиот состав на совет за еден милион триста и педесет илјади денари. Екст струшките советници чекаат од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, да им ги исплати 4-те заостанати плати. Револтирани се што добиваат само празни ветувања, а финансиските средства не доаѓаат на нивна адреса. Поранешниот претседател на советот, Сејфула Хани, во име на советниците, на неколку наврати се обидел да го реши овој проблем.
ТВм дознава дека причина за неисплатениот долг кон советниците е тоа што поединци досега не ги подмириле телефонска сметка, направени на службените телефони. Зад овој проблем нема никаква друга позадина, вели секретарот Зоран Гулицоски.
„Но тоа не е причина, плати да не добијат и останатите советници“, вели Хани.
Екс советниците ќе си ги добијат своите плати набрзо, вели секретарот во општината. Советниците од старата постава на струшкитот совет најавија оти ако не се реализираат овие ветувања ќе покренат судска постапка.

{loadposition content9}