Skip to main content

Воска Спорт одигра нерешено со прволигашот Пелистер

2:2 е резултатот од денешната пријателска средба на Воска Спорт и Пелистер. Натпреварот се играше на стадионот „Грашница“.

 |   | 

2:2 е резултатот од денешната пријателска средба на Воска Спорт и Пелистер. Натпреварот се играше на стадионот „Грашница“.

Тоа беше уште еден доста интересен меч на моменталниот лидер на табелата на Втората македонска фудбалска лига и прволигашот од Битола.

Првото полувреме заврши без голови, а во вториот дел од натпреварот гостите поведоа со голот на Сулејмани. Но, вистински пресврт направија Благојче Истатов и Мергим Дани кои постигнаа по еден гол за тимот на Воска Спорт. Во последните секунди од мечот, Борче Маневски постигна гол за конечни 2:2 и ги спаси Пелистерци од пораз.

Во третото коло од Втората македонска фудбалска лига екипата на Воска Спорт гостува кај ФК Вардар. Натпреварот се игра на 11-ти септември (сабота) со почеток во 16 часот.