Skip to main content

Починат маж пронајден во близина на Лескоец

На 3-ти септември 2021 година, во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години.

 |   | 
Полиција

На 3-ти септември 2021 година, во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција – информираат од МВР.