Започнaа систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела
Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела.
Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела. По расчистувањето на шутот од постарите ископувања од јужната половина на цитаделата, од НУ Завод и Музеј Охрид информираат дека започнаа со доистражување на остатоците од објектот од XIX век кој најверојатно е еден од раскошните сараи/дворци на тогашниот управител на Охрид, Џеладин Бег.
Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудоски, виш кустос од Завод и Музеј – Охрид.