Skip to main content

Честит и вечен 8 Септември – Денот на самостојна и суверена Македонија

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од вкупниот број на македонски граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за создавање на самостојна и независна македонска држава.

 |   | 

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од вкупниот број на македонски граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за создавање на самостојна и независна македонска држава.

На гласањето, според официјалните податоци од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто.

Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не биле поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле „ЗА“ самостојна и суверена Македонија.

За историското значење на 8-ми Септември поранешниот премиер Никола Кљусев истакна:

Пред сè со референдумот се бара да се афирмативно пристапи кон онаа вековна борба на македонскиот народ, која некогаш се решавала со пушки и крв. Денес слободни со својата културна еманципација, национална свест се определиме пред сè за самостојна и суверена држава