Јувентус се сконцентрира на Пандев
Јувентус се откажа од услугите на напаѓачот од Виљареал, Џузепе Роси бидејќи сумата на „жолтата подморница“ е превисока за „црвено- црните“.
Горан Пандев
Јувентус се откажа од услугите на напаѓачот од Виљареал, Џузепе Роси бидејќи сумата на „жолтата подморница“ е превисока за „црвено- црните“.
Скај Спорт соопштува дека бордот на „бјанконерите“ одлучил Јувентус да се концентрира врз напаѓачот на Лацио, Горан Пандев. Одлуката е донесена без разлика дали Давид Трезеге ќе биде продаден или не. Македонскиот напаѓач сака да премине во голема екипа, но во тоа досега го спречуваше претседателот на Лацио, Клаудио Лолито. Сепак, во случај на добра понуда која ги исполнува барањата на Лолито, тогаш е можно Пандев да заигра за Јувентус.
{loadposition content9}