Skip to main content

33-то издание на Охридски староградски средби

Во петок на 17-ти септември ќе се одржи 33-то издание на фестивалот Охридски староградски средби 2021.

 |   | 

Во петок на 17-ти септември ќе се одржи 33-то издание на фестивалот Охридски староградски средби 2021.

Ќе настапат 8 пејачки ансамбли од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Штип, Кавадарци и Радовиш. Градот домаќин ќе го претставуваат градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и фолклорниот ансамбл „Бисери“.

Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани со почитување на мерките за заштита од COVID-19.

Учесниците ќе настапат со староградски песни, давајќи придонес во продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.

Фестивалот Охридски староградски средби значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.