Милошоски и Коњановски на состанок на Северноатланскиот совет
Македонска делегација предводена од министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, денеска во Брисел, ќе одржи состанок со Северно-атлантскиот совет (НАЦ).
На состанокот ќе учествуваат претставници и експерти од надлежните државни интитуции инволвирани во процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО. Во име на Алијансата, со состанокот ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер.
Состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО (НАЦ) со Република Македонија е редовна средба на НАТО со земјите аспиранти за членство во НАТО и е во насока на финализирање на десетиот циклус за имплементација на Акциониот план за членство (АПЧ) на Република Македонија.
Како што јави известува~от на МИА, се очекува во Брисел да бидат потврдени заложбите на Владата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО.
Пред состанокот предвидено е министрите Милошоски и Коњановски да остварат одделна средба со генералниот секретар на НАТО Шефер.
{loadposition content9}