Жител на Октиси нелегално превезувал огревно дрво
На 14.09.2021 година во 14 часот на локален пат кон струшкото село Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта извршиле контрола во патничко моторно возило „Нисан” со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од селото Октиси, при што било констатирано дека бесправно и без соодветна документација превезувал огревно дрво.

Возилото и дрвата со записник биле одземени и предадени на Шумската полиција во Струга.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.