Пожарот на Јабланица вечерва стигна до Вишни
Пожарот на Јабланица вечерва стигна во непосредна близина на струшкото село Вишни.
| | Струга
Пожарот на Јабланица вечерва стигна во непосредна близина на струшкото село Вишни. Веќе втор ден гори планината, во близина на Вишни и над селото Октиси.
Граѓаните се револтирани и коментираат на социјалните мрежи дека состојбата е алармантна и дека не смее да се дозволи опуштеноста со која му се пријде на неодамнешниот пожар на планината Галичица, кога малку фалеше состојбата да излезе од контрола.
извор: ОхридПрес фото: Тоше Танески ФБ