Skip to main content

Хортикултурно се уредува тротоарот на „Јане Сандански“

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.

 |   | 

Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева.

Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед.