Видео снимка од болнички пожар се шири со апел ,,Молете се за Тетово” – ама е ланска и од Индија!
На социјалната мрежа Тик Ток, се појави видео материјал, кој што, според назначениот датум, е објавен еден ден по избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово, а на кој пишува ,,молете се за Тетово”. Иако експлицитно во видеото не се назначува дека е од споменатиот пожар во кој загинаа 14 граѓани, сепак, судејќи според коментарите оставени под видеото, евидентно е дека таков впечаток добиле мноштво од корисниците на социјалната мрежа. Видеото беше споделувано и преку приватни пораки на Фејсбук меѓу корисниците на оваа социјална мрежа.

Но, ова видео не е од Тетово и не е од ковид модуларната болница која беше опожарена. Настанот е веќе регистриран од странските медиуми во 2020 година, на 10 септември.
Тогаш британскиот медиум Метро, објави видео снимка од безбедносна камера во болница, која се наоѓа во Индија. Според информацијата на медиумот, станува збор за пожар во западна Индија во градот Вадодара, кој се случил на 8 септември 2020 година. Овој датум, на видеото споделено на Тик Ток е избришан односно прекриен со црна позадина на која што пишува ,,молете се за Тетово”. Коинцидентно, пожарот во Индија се случил на 8 септември, исто како и тој во Тетово, ама една година порано! Часот на снимката покажува дека се случил во 21 часот и 45 минути, нешто што не можело да биде случај во тетовската болница, каде што пожарот беше пријавен во противпожарната служба во 21 часот и 2 минути, а локализиран за половина час и целосно ликвидиран до 21 часот и 45 минути.
Пожарот во Индија бил локализиран без жртви, а предизвикан бил од машина за дишење во просторијата за интензивна нега. Евакуирани навремено биле 35 лица а во оваа болница регистрирана е една од повисоките стапки на ковид хоспитализации во Индија.
Оценуваме дека не е вистина дека пожарот кој е претставен на споделеното видео е од тетовската модуларна болница. Пожарот се случил во Индија минатата година, во него немало жртви и бил локализиран брзо, а сите пациенти биле евакуирани навремено.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар