Skip to main content

Спречен обид за нелегално внесување 10 илјади евра на граничниот премин „Св. Наум“

Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид, спречен е обид за нелегално внесување на девизни средства во Република Македонија.

 |   | 

Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид, спречен е обид за нелегално внесување на девизни средства во Република Македонија.

На влез во државата, во 11:30 часот, се пријавил грчки државјанин со иницијали С.К. (60) како возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. Поради сомнение од страна на царинскиот службеник била извршена контрола на возилото и личен преглед на патниците, при што биле пронајдени и запленети непријавени парични средства во износ од 9.388 евра – информираат од Царинската управа на Република Македонија.