Skip to main content

Охриѓани можат да се попишат и во Општина Охрид

Државниот Завод за статистика информира дека од вчера во просториите на Реонската пописна комисија, која се наоѓа во зградата на Општина Охрид, граѓаните кои од разни причини не биле пронајдени од попишувачите, а и оние кои наредните денови нема да бидат во своите домови, можат да дојдат и да се попишат.

 |   | 
Зграда општина Охрид

Овие граѓани, своето доаѓање за попис во зградата на Општина Охрид, треба да го најават на тел: 070/944-576 , како би се избегнала непотребна гужва и губење на време.

Од Државниот Завод за статистика напоменуваат дека ова важи само за лицата каде попишувачот веќе поминал и за оние кои наредните денови нема да бидат присутни.

Додаваат дека попишувањето на терен тече со зголемен интензитет и очекуваат пописот да заврши во предвидениот рок. Заклучно со 26.09.2021г. во пописен реон 22, кој ги опфаќа општините Охрид и Дебрца попишани се околу 42.000 лица, 15.000 станови и 25.000 домаќинства, информираат од  Државниот Завод за статистика.