Skip to main content

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Во големата сала на Општина Охрид денеска беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид.

 |   | 

Во големата сала на Општина Охрид денеска беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид. Според предвиденото, Локалната стратегија за млади се креира со активно учество на младите луѓе, релевантните институции, организации и бизнис секторот кои денеска беа присутни на настанот и ги изнесоа своите ставови, предлози и сугестии во врска со стратегијата.

Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските области. Документот ќе се однесува на период од следните пет години.

Сите оние кои сакаат дополнително да достават предлози и сугестии за текот на процесот истото може да го сторат на официјалната е-пошта strategijazamladi@yahoo.com најдоцна до 10.10.2021.

Младите лица од 15 до 29 години имаат можност да одговорат и на прашалникот кој е достапен на следниот линк (https://docs.google.com/forms/d/1w02duu6f_6Owbva7FcpCuVK3I8T7W1-ssPMGxZwmPwc/viewform?edit_requested=true)  најдоцна до 10.10.2021.

Процесот ќе продолжи понатаму се до финалната изработка на Стратегијата за млади која на крај ќе биде изгласана од Советот на Општина Охрид.